ПРВ.мк

Филип Илијев е еден од хероите во Кочани – со татко му цела ноќ им помагале на повредените! (ВИДЕО)

Филип Илијев е еден од хероите во Кочани – со татко му цела ноќ им помагале на повредените! (ВИДЕО)
Jumbo Banner

Филип Илијев е еден од хероите кои се истакнале за време на трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.

Во моментот кога избувнал пожарот, Филип бил дома, но кога ја видел страшната сцена, не се двоумел и веднаш отишол да помогне. Заедно со својот татко, кого го разбудил, цела ноќ давале прва помош и носеле повредени лица до амбулантата.

Во видео изјавата за SupportKochani, Филип упати апел до сите блиски да не ги прашуваат за настанот и да не ги потсетуваат, бидејќи тоа може да предизвика психолошки проблеми и панични напади.

„Сликата беше страшна… Луѓето изгледаа… не можам да најдам зборови кои ќе ја опишат таа сцена“, изјави Илијев.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран