ПРВ.мк
Македонија

ФАЛСИФИКАТ, ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ И КРЕДИТ: Маж осомничен дека издејствувал 90.000 денари со туѓ идентитет!

ФАЛСИФИКАТ, ЛАЖНИ ПОДАТОЦИ И КРЕДИТ: Маж осомничен дека издејствувал 90.000 денари со туѓ идентитет!

Полицијата во Гевгелија поднесе кривична пријава против 55-годишен маж од Скопје, кој се сомничи дека со низа незаконски дејствија издејствувал кредит користејќи туѓи лични податоци и фалсификувана документација.

Според информациите од СВР Струмица – ОВР Гевгелија, пријавениот Г.А. (55) е осомничен дека до 18 август 2022 година без согласност на лице од Гевгелија прибавувал и обработувал негови лични податоци, кои подоцна ги искористил за изработка на лажна патна исправа.

Како што наведува Министерството за внатрешни работи, фалсификуваната исправа била искористена во постапка за добивање кредит од финансиско друштво од Скопје, при што биле доставени невистинити податоци за имотната состојба и други информации значајни за одобрување на финансискиот заем.

Со ваквите дејствија, осомничениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 90.000 денари, а истовремено е предизвикана и дополнителна материјална штета од 58.694 денари.

По целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава за повеќе дела, меѓу кои „измама при добивање кредит или друга погодност“, „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“.

Најнови вести