Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати. Во просек, горивата поскапуваат за 3,59 проценти во однос на претходната одлука.
Најголемото поскапување го има дизел горивото, чија цена се зголемува за 5,50 денари по литар, додека бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе бидат поскапи за 1,50 денар по литар.
Со новата одлука, од 00:01 часот ќе важат следните максимални малопродажни цени:
- Еуросупер БС-95 – 87 денари за литар
- Еуросупер БС-98 – 89 денари за литар
- Еуродизел БС (Д-Е V) – 88 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 86 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 42,168 денари за килограм
Покрај дизелот и бензините, поскапува и екстра лесното масло за домаќинство за 4,50 денари по литар, додека цената на мазутот се зголемува за 0,938 денари по килограм.
Од РКЕ посочуваат дека корекцијата на цените е резултат на растот на референтните цени на светските пазари, особено кај дизелот, како и на промените на курсот на американскиот долар.
Регулаторната комисија потсетува дека објавените цени се максимално дозволени малопродажни цени, а трговците можат да ги продаваат нафтените деривати и по пониски цени.










