Скопје и оваа година ќе има голема забава на плоштадот „Македонија“ за најлудата ноќ! Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потврди дека ќе биде организиран голем новогодишен спектакл под отворено небо.
Според првичните информации, на сцената ќе настапуваат исклучиво македонски музички ѕвезди, а меѓу најавените имиња се:
✨ Каролина Гочева✨ Тамара Тодевска✨ Повеќе изведувачи на народна и забавна музика
Градот најави дека целосната програма, останатите изведувачи и сите детали околу организацијата ќе бидат објавени во наредните денови.
Скопје се подготвува за незаборавен музички дочек и атмосфера каква што само македонската сцена може да донесе!

















