Центарот за мајка и бебе при Клиничката болница „Жан Митрев“ одбележува две години постоење, период исполнет со нови животи, први прегратки и незаборавни моменти за стотици семејства.
Во изминатите две години, во Центарот се родиле 375 бебиња – 375 нови животни приказни и исто толку причини за радост во семејствата кои својата доверба ја укажале на медицинскиот тим.
Зад секое породување стојат современа медицинска технологија, стручност, внимание и посветеност од тимот кој се грижи за мајката и бебето во секој чекор од процесот.
Во Центарот е обезбедена грижа за мајката и новороденчето, со можност за интензивна нега кога тоа е потребно, при што здравјето, безбедноста и благосостојбата на најмалите остануваат во фокусот на работата.
Од Клиничката болница „Жан Митрев“ истакнуваат дека се горди на досегашните резултати, на довербата на семејствата и на секоја приказна која започнала во Центарот за мајка и бебе.
По две години работа, Центарот продолжува да се развива и да ги унапредува своите услуги, со иста посветеност кон она што е најважно – здравјето на мајката и бебето.










