ПРВ.мк
Македонија

Драма во Битола: Големо куче нападнало 4 годишно девојче!

Драма во Битола: Големо куче нападнало 4 годишно девојче!
Kristal

Сериозен инцидент се случил во Битола, каде четиригодишно девојче било нападнато од куче, по што веднаш реагирале надлежните служби. Според информациите, станува збор за куче кое било напуштено и без познат сопственик.

Од здружението „Хачико“ соопштија дека по добиената пријава за каснување, шинтерската служба веднаш излегла на терен. По кратка потрага, кучето било лоцирано и успешно заловено во напуштен објект во близина на местото каде што се случил инцидентот.

Според нивните информации, станува збор за куче кое е мешавина со расата Кангал. Иако се претпоставува дека некогаш имало сопственик, во моментот на интервенцијата не било познато кој е одговорен за животното.

По заловувањето, кучето било транспортирано во прифатилиште каде што ќе биде ставено под ветеринарен надзор. Таму ќе помине период на опсервација согласно со пропишаните процедури.

За случајот биле информирани и надлежните институции. Пријавата е доставена до Агенцијата за храна и ветеринарство, како и до Министерството за внатрешни работи, кои треба да постапуваат во согласност со законските надлежности.

Инцидентот повторно ја отвори темата за напуштените и неконтролирани кучиња, но и за одговорноста на сопствениците кои ги оставаат своите миленици на улица. Надлежните институции сега треба да ги утврдат сите околности поврзани со овој настан.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo