ПРВ.мк
Македонија

Добри вести за граѓаните: Следува уште еден продолжен викенд – еве кога повторно нема да се работи!

Добри вести за граѓаните: Следува уште еден продолжен викенд – еве кога повторно нема да се работи!

Денеска, 12 октомври, е неработен ден за сите граѓани во Македонија, а добра вест е што за помалку од две недели следува уште еден продолжен викенд.

Бидејќи државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание годинава се падна во недела, согласно Законот за празниците, неработниот ден се префрла во понеделник.

На тој начин граѓаните добија тридневен викенд, од сабота, 10 октомври, до понеделник, 12 октомври.

Но, ова не е последната можност за продолжен одмор во текот на годината.

Следниот неработен ден е 23 октомври, петок, кога се одбележува Денот на македонската револуционерна борба.

Бидејќи празникот се паѓа во петок, граѓаните ќе имаат можност за уште еден продолжен викенд, од 23 до 25 октомври.

По овој празник, до крајот на 2026 година останува уште еден неработен ден што важи за сите граѓани.

Станува збор за 8 декември, вторник, кога се одбележува „Св. Климент Охридски“.

Оние што ќе искористат еден ден годишен одмор во понеделник, на 7 декември, ќе можат да спојат четири последователни слободни дена.

Според календарот на празници, по денешниот ден, до крајот на годината остануваат уште два општи неработни дена – 23 октомври и 8 декември.

Покрај нив, предвидени се и дополнителни неработни денови за припадниците на одредени верски и етнички заедници.