ПРВ.мк
Македонија

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Евтина струја во уште еден ден во неделата - еве што се предлага!

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Евтина струја во уште еден ден во неделата - еве што се предлага!

Граѓаните би можеле наскоро да добијат повеќе часови евтина електрична енергија, доколку бидат прифатени измените што во моментов се разгледуваат.

Според најавите, се анализира можноста евтината тарифа да важи и во сабота, како и да се воведе дополнителен период од четири часа во текот на денот, од 11:00 до 15:00 часот.

Покрај тоа, се разгледува и евентуална промена на постојната ноќна евтина тарифа, со цел системот да биде поповолен за домаќинствата.

Целта на предложените измени е да им овозможат на граѓаните поголеми можности за користење на евтина електрична енергија и на тој начин да придонесат за пониски сметки за струја.

Надлежните институции треба да ги завршат анализите до крајот на септември, а доколку предлозите бидат усвоени, новите тарифи би можеле да стапат во сила од 1 јануари 2027 година.