ПРВ.мк
Македонија

ДИК ЌЕ ГИ ОБЈАВУВА РЕЗУЛТАТИТЕ НА СВОЈАТА ВЕБ-СТРАНИЦА

ДИК ЌЕ ГИ ОБЈАВУВА РЕЗУЛТАТИТЕ НА СВОЈАТА ВЕБ-СТРАНИЦА

По затворањето на гласачките места, Државната изборна комисија (ДИК) ќе започне со објава на првичните резултати од локалните избори 2025 на својата официјална веб-страница.

Резултатите што ќе пристигнуваат електронски од општинските изборни комисии ќе се објавуваат сукцесивно, веднаш по нивното пристигнување.

Рокови за објава на резултати:

  • Општинските изборни комисии (ОИК) се должни да ги објават првичните резултати во рок од 7 часа по затворањето на гласачките места, врз основа на податоците од избирачките одбори. Овие резултати ќе бидат:Објавени на огласна табла во општинатаСоопштени преку јавните гласила
  • Објавени на огласна табла во општината
  • Соопштени преку јавните гласила
  • Изборната комисија на Град Скопје треба да ги објави резултатите за советници и градоначалник најдоцна во рок од 10 часа по завршувањето на изборите.
  • ДИК ги објавува конечните резултати веднаш штом станат конечни, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Објавата се врши за секоја општина поодделно.

Победа во прв круг:

Кандидат за градоначалник е избран во прв круг доколку добие мнозинство гласови од излезените гласачи, само ако излезноста била најмалку една третина од вкупниот број на запишани избирачи во избирачкиот список за таа општина.

Ако не се исполнат условите за валиден прв круг (недоволна излезност), се повторува целата изборна постапка во таа општина.

Escape