ПРВ.мк
Македонија

Циклон од Турција носи опасна промена на времето во Македонија

Циклон од Турција носи опасна промена на времето во Македонија

Македонија во вторник и среда ќе биде под влијание на циклонски систем со центар над Турција, кој ќе донесе изразена атмосферска нестабилност, проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер и локална појава на град.

Според најавите на метеоролозите, во текот на 23 и 24 јуни на повеќе места низ земјава ќе има интензивни врнежи од дожд и грмежи, а поради високите температури и големата енергија во атмосферата, локално се очекува развој на невреме.

Во одредени региони можно е да наврнат повеќе од 20 до 30 литри дожд на квадратен метар за краток временски период. Невремето може да биде проследено со силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, поради што се препорачува граѓаните да бидат особено внимателни.

Нестабилното време ќе го зафати и Скопје, каде се очекуваат повремени поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината постојат услови и за локално невреме.

И покрај променливото време, температурите ќе останат високи. Во поголемиот дел од Македонија дневните максимални температури ќе се движат меѓу 27 и 35 степени, додека во Скопје се очекуваат околу 32 до 33 степени Целзиусови.

Метеоролозите апелираат граѓаните внимателно да ги следат временските прогнози и да избегнуваат престој на отворено за време на силни грмежи, невреме и интензивни врнежи.