ПРВ.мк
Македонија

Осомничениот за убиството во кумановско ќе оди на психијатриска процена! - ова се деталите

Осомничениот за убиството во кумановско ќе оди на психијатриска процена! - ова се деталите
Kristal

Дваесет и петгодишникот од Старо Нагоричане, осомничен за убиството на 78-годишна жена од селото Челопек, во наредните денови ќе биде подложен на психијатриска процена од тим стручни лица, информираа од Јавното обвинителство.

Според соопштението, истрагата е во тек, а надлежните институции преземаат активности за обезбедување докази и целосно расчистување на случајот. Од обвинителството посочуваат дека во моментов сè уште не е доставен вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело.

„Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица и се прибираат други потребни докази. Во интерес на истрагата, во оваа фаза не можат да се споделуваат дополнителни детали“, наведуваат од обвинителството.

Осомничениот Т.Б. се товари дека во периодот меѓу 27 јануари и 12 февруари годинава на свиреп начин ја усмртил повозрасната жена. Случајот отвори сомнежи за можна поврзаност со други слични настани во Кумановскиот регион, кои сега се предмет на дополнителна истрага.

Надлежните најавуваат дека по завршување на вештачењата и прибирањето на доказите ќе следуваат дополнителни информации за јавноста.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo