Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, од вторник до крајот на неделата не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Во вторник ќе има изолирана појава на нестабилност, додека во среда на повеќе места ќе има пороен дожд проследен со грмежи.
Од четврток се најавува промена на времето – ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе бележат значително опаѓање.
Во петок и за време на викендот, утринските температури на одделни места може да се спуштат и под нула степени, што значи дека е можен и појава на мраз.










