ПРВ.мк
Македонија

Голема полициска акција – полицијата удри на неколку локации

Голема полициска акција – полицијата удри на неколку локации
Escape

Во координирана акција на скопската полиција спроведена на 28 јуни, се уапсени четири лица поради поседување наркотични средства.

Меѓу приведените се 22-годишен штипјанец и тројца скопјани на возраст од 30, 45 и 48 години. Кај нив била пронајдена бела прашкаста материја, марихуана и таблети со психоактивно дејство.

Од МВР најавуваат кривични пријави по документирањето на случајот, како дел од борбата против уличната дистрибуција на дрога во главниот град.

Mia Home Mavrovo