ПРВ.мк
Македонија

Четири пожари и понатаму беснеат во Македонија – еве каде се најкритичните точки утрово!

Четири пожари и понатаму беснеат во Македонија – еве каде се најкритичните точки утрово!

Наутро на 17 септември 2025 година, до 07:00 часот, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои:

  • 4 се сѐ уште активни,
  • 1 е под контрола,
  • 15 се целосно изгаснати.

Активни пожари (4):

  1. Општина Гази Баба – село Виниче, место викано Муратица: гори нискостеблеста шума.
  2. Општина Гевгелија – Кожуф планина, кај село Петрово: приземен пожар во лисна маса.
  3. Општина Липково – село Никуштак: опожарени се деградирана нискостеблеста шума и дабова шума.
  4. Општина Зелениково – село Вражале: гори борова шума (борови насади).

Под контрола (1):

  • Општина Гази Баба – село Трубарево: пожар во електричен отпад, моментално ставен под контрола.

Изгаснати пожари (15):

  1. Кисела Вода – бул. Борис Трајковски: авто сервис за коли.
  2. Студеничани – депонија Дрисла: горело ѓубре.
  3. Кочани – Царев Врв: опожарена ниска вегетација.
  4. Василево – село Ново Маала: запален отпад.
  5. Могила – село Трновци: ѓубре.
  6. Ново Село – село Мокриево: ниска вегетација.
  7. Струмица – село Свидовица: ниска вегетација.
  8. Велес – село Иванковци: депонија и ниска вегетација.
  9. Куманово – село Горно Којнаре: ниска вегетација.
  10. Старо Нагоричане – село Макреш: ниска вегетација.
  11. Гази Баба – село Идризово: ниска вегетација и отпад.
  12. Сарај – село Ласкарци: ниска вегетација и ѓубре.
  13. Шуто Оризари – Визбегово: отпад.
  14. Прилеп – село Алинци: депонија.
  15. Битола – меѓу селата Гермијан и Живојно: изгорено стрниште.
Escape