На 16 септември 2025 година, околу 17:50 часот, полициски службеници од СВР Тетово привеле две лица – Ф.Н. (60) и С.С. (30), двајцата од Тетово, поради сомнение за поседување на дрога.
Според информациите од полицијата, при претрес на дом и помошни простории каде што престојувале осомничените, извршен со судска наредба, е пронајдена и одземена една кеса со околу 130 грама бела прашкаста материја, за која се претпоставува дека е кокаин.
Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.