Контроверзната актерка Џена Ортега повторно ги сврте сите погледи на себе, овојпат со моден избор кој ја смести меѓу најкоментираните ѕвезди на доделувањето на наградите „Еми“.
Ѕвездата на популарни хорор-филмови и серии се појави во необична комбинација – здолниште во спој со горен дел кој повеќе личеше на уметничка инсталација отколку на класична облека. Горниот дел беше составен од декоративни нитни, големи бисери и елементи што наликуваа на скапоцени камења, при што целосно изостсуваше класичниот топ – создавајќи впечаток дека не носи ништо под нив.
Ортега својот впечатлив стајлинг го надополни со драматична вечерна шминка – темни сенки, нагласени очи и длабок темен кармин – што уште повеќе го засили впечатокот на бунтовнички гламур.
На нозете носеше едноставни сандали на платформа со тенка лента, оставајќи впечаток дека модната комбинација, иако ризична, беше внимателно осмислена до последен детаљ.
Иако модниот избор на Ортега доби бројни критики и беше вклучен на листата на најлошо облечени на настанот, не може да се негира дека актерката повторно успеа да биде во центарот на медиумското внимание – нешто по што одамна е препознатлива.