Социјалните мрежи експлодираа по трагедијата во Велес, каде 31-годишната Росица и нејзиниот татко беа свирепо убиени од нејзиниот поранешен партнер, кој потоа си го одзеде животот.
Убиецот е скопјанец, кој на интернет се опишува како урбан скејтер од Дебар Маало, со сомнеж за употреба на наркотици. Коментари на социјалните мрежи предупредуваат на опасноста и потенцијалната психичка нестабилност на сторителот.
Трагедијата повторно отвори дебата за заштитата на жените и потребата од пожестока реакција на системот за да се спречат вакви фемициди. Јавноста е револтирана, а реакциите на социјалните мрежи го истакнуваат гневот и загриженоста за безбедноста на граѓаните.
