ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВА СОБРАЌАЈКА: Црната точка на експресниот Прилеп-Градско повторно зема жртва?

НАЈНОВА СОБРАЌАЈКА: Црната точка на експресниот Прилеп-Градско повторно зема жртва?

На експресниот пат Прилеп-Градско повторно се случи сообраќајна несреќа на познатата „црна точка“. Станува збор за делницата на која претходно возачите можат да развијат голема брзина, а несреќите најчесто се случуваат на клучката каде што автомобилите треба да се исклучат за да продолжат по автопатот.

Возачите кои често ја користат оваа делница укажуваат дека сигнализацијата на патот не е доволно јасна и не предупредува соодветно на условите, што дополнително ја зголемува опасноста. Претходно, директорот на ЈП „Државни патишта“ најави поставување дополнителна сигнализација на критичниот дел од патот, но до денес ништо не е реализирано.

Ова е уште еден аларм за потребата од брзи интервенции и подобрување на безбедноста на експресниот пат Прилеп-Градско, за да се избегнат посериозни последици во иднина.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape