Жена од тетовско село на возраст од 45 години останала без 14.000 евра, откако била измамена од 48-годишник од Косово кој се претставил како директор на градежна фирма во Германија. Случајот излегол на виделина откако жената во март му ги префрлила парите во три наврати, надевајќи се дека ќе купи стан, но за тоа била измамена.
Измамникот ја убедувал дека ќе ѝ помогне, а кога ја прашала за напредокот, тврдел дека треба да лежи во затвор бидејќи бил осуден. Жената случајот го пријавила и во Косово и во СВР Тетово, а полицијата веќе презема мерки за расчистување и документирање на случајот.