ПРВ.мк
Македонија

Жичницата од Средно до врв на Водно привремено затворена поради силен ветер

Жичницата од Средно до врв на Водно привремено затворена поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска жичницата која го поврзува Средно со врвот на Водно нема да работи поради силниот ветер.

Како што објаснуваат надлежните, брзината на ветерот го надминува безбедносниот лимит за непречена и сигурна работа на жичницата. Надлежните служби постојано ја следат состојбата на терен, а веднаш штом условите за работа станат безбедни, жичницата ќе продолжи со редовно превезување на патниците.

Претпријатието нагласува дека безбедноста на патниците е главен приоритет и дека секое решение за продолжување на работата ќе се носи исклучиво врз основа на временските услови.