Во Тетово е пријавен инцидент во кој малолетно лице било нападнато во дворот на основно училиште, информира СВР Тетово.
Според пријавата поднесена од Ф.А. (40) од Тетово, на 12 мај околу 20:40 часот неговиот малолетен син бил нападнат во училишниот двор. Најпрво, како што се наведува, бил изложен на вербални навреди од едно лице, по што следел и физички напад од друго лице од Тетово.
Полицијата информира дека работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.







