ПРВ.мк
Македонија

БРУТАЛЕН НАПАД: 18-годишник избоден со нож - МВР со детали!

БРУТАЛЕН НАПАД: 18-годишник избоден со нож - МВР со детали!

Во Скопје се случил сериозен инцидент во кој 18-годишно момче се здобило со повреди откако било нападнато со нож на подрачјето на Бит Пазар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28.04.2026 година во 22:20 часот, во СВР Скопје, 18-годишниот А.Н. од Скопје пријавил дека бил нападнат од лице идентификувано како М.Т.

Според пријавата, нападот се случил на територијата на Бит Пазар, при што младото момче се здобило со повреди.

По нападот, повредениот веднаш бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Од МВР наведуваат дека во моментов се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.