ПРВ.мк
Македонија

Бројот на заболени од грип расте, донесена одлука дали учениците ќе го почнат второто полугодие навреме!

Бројот на заболени од грип расте, донесена одлука дали учениците ќе го почнат второто полугодие навреме!
Kristal

Бројот на заболени од грип во земјава бележи пораст, но состојбата е под контрола и не налага воведување дополнителни рестриктивни мерки, оценуваат здравствените власти.

Во периодот од 5 до 11 јануари се евидентирани 2.322 случаи на грип, што претставува зголемување од 34,6% во споредба со претходната недела. Според Драган Кочишки, раководител на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје, вирусот има средна активност на национално ниво.

„Се работи за очекуван сезонски пораст. Во моментов немаме индикации за мерки како продолжување на зимскиот распуст, но состојбата внимателно се следи“, изјави Кочишки.

Најголем дел од заболените се лица на возраст од 15 до 64 години (1.378 случаи), додека највисока инциденца е регистрирана кај децата до 4 години и кај групата од 5 до 14 години. Иако има зголемување на хоспитализации кај деца и возрасни, болничките капацитети засега не се целосно исполнети.

Комисијата за заразни болести веќе одржала состанок и се очекува во наредните денови да излезе со препораки во согласност со епидемиолошката состојба.

Здравствените експерти апелираат на превенција: избегнување престој во затворени простории со голем број луѓе, редовно проветрување и затоплување на просториите, соодветна облека и грижа за имунитетот. При појава на симптоми, се советува останување дома, а децата со акутни респираторни симптоми да не се носат во градинка или училиште.

Најмногу случаи се регистрирани во Скопје (556), потоа Тетово (308), Куманово (266) и Охрид (202). Во Берово, Делчево и Пехчево засега нема пријавени заболени.

Во втората недела од годината е регистриран и еден смртен случај поврзан со грип – 75-годишна жена од Скопје со лабораториски потврден грип тип А.

Од почетокот на октомври до 11 јануари се регистрирани вкупно 6.147 случаи на грип, што е зголемување од 2,6 пати во споредба со истиот период минатата година. Во земјава доминира вирусот на грип од типот АХ3.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo