Студенти, професори, вработени во Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со ректорот Игор Неделковски и градоначалникот Тони Коњановски, денеска оддадоа почит на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.

На комеморативниот настан, присутните со минута молчење и положување цвеќе изразија солидарност со семејствата на настраданите и поддршка за повредените.

Градоначалникот Коњановски истакна дека Битола сочувствува со болката на семејствата и дека оваа трагедија ги обедини сите во тагата и поддршката за настраданите.