На 15 и 16 мај, East Gate Mall ќе стане центар на нови можности за работа, кариера и директни средби со едни од најпознатите компании во Македонија.
На големиот кариерен настан организиран од KARIERA.mk, посетителите ќе имаат можност лице в лице да разговараат со компании како Универзитет Скопје, Светот на Колорес, KFC, Lidl, Van Hool, Макстил, KAM, Fashion Group и многу други работодавачи кои активно бараат нови вработени!
Наместо бескрајно праќање CV-а и чекање одговори, овој настан нуди директен контакт со компании, брзи интервјуа, нови познанства и реална шанса за ново работно место.
Доколку бараш нов почеток, подобра работа или едноставно сакаш да видиш какви можности се нудат на пазарот – ова е настан што не треба да го пропуштиш!








