Успешните проекти на Balfin Group во регионот ја позиционираа оваа компанија како вистински пример за препознавање на потребите на модерниот потрошувач, носејќи му ги сите брендови и бизниси кои му се потребни на дофат на рака. А сега, амбицијата за создавање на нова и диверзифицирана понуда за потрошувачите станува уште поголема, со најави за изградба на нови ритејл паркови на повеќе клучни локации.
Првата четвртина од 21 век ни донесе големи промени во купувачките навики, а доколку сакаме да ја откриеме причината зошто, тогаш најдобро е да го тргнеме погледот од малопродажбата и подобро да го анализираме секојдневниот живот. За толку многу луѓе, купувањето веќе не е толку планирана активност, туку повеќе е споредна активност за која луѓето наоѓаат време помеѓу редовните обврски. Тоа сега се случува на пауза од работа, за време на враќањето дома или пак во интервалот помеѓу две активности, а клучни параметри се достапноста и удобноста, како најважен дел од корисничкото искуство.

Ваквите промени во начинот на кој луѓето купуваат донесе промени и од другата страна, односно од страната на инвеститорите и брендовите кои продаваат. Меѓу првите кои го направија храбриот чекор да го променат пристапот и да ги прифатат новите трендови беше Balfin Group, компанија која стои зад повеќе проекти во Македонија и во соседните земји, меѓу кои и East Gate Mall Скопје, кој прерасна во вистински заштитен знак на градот и место кое секојдневно го посетуваат илјадници посетители, како домашни така и странски.
Balfin Group тоа го препозна не како предизвик, туку како можност. Можност да се тестира нов пристап и нова понуда во регион каде што на луѓето уште многу одамна им требаше промена. Тоа беше доволна причина за групацијата да го отвори својот прв ритејл парк West Park во Корча, чија успешна работа предизвика голем интерес и денес овој парк претставува една од најважните шопинг локации во земјата. А сега, ритејл парковите доаѓаат и во Македонија! Balfin Group веќе ја најави изградбата на дури пет нови ритејл паркови во различни градови од Македонија, чии конкретни локации ќе бидат официјализирани во следниот период.

Според економските експерти, ваквите ритејл паркови го претставуваат „пазарниот механизам на иднината“, бидејќи истите се адаптирани не само на барањата, туку и на потребите на современиот купувач.
Ритејл парковите како концепт се адаптирани на современите навики на потрошувачите. Нивните главните карактеристики се лесниот пристап и едноставното паркирање, но внимателно одбраната и разновидна понуда на едно место. Нивната значајност за локалните заедници станува се’ поголема, бидејќи ја носат модерната шопинг-инфраструктура поблиску до граѓаните, без потреба од патување до Скопје или постојано посетување на поголемите трговски центри. Тие се дизајнирани така што можат да се применат во помали и поголеми градови, во предградијата и секаде каде што постои доволно место и доволно граѓани кои можат да се услужат.

Значаен број на големи и успешни проекти стојат зад името на Balfin Group, особено во последната деценија – период во кој оваа групација имаше силно учество во трансформацијата на регионалниот пазар преку нивните инвестиции во Македонија, Албанија и Косово. Нивното портфолио е обемно и разновидно, а само од последните неколку години можат да се издвојат изградбата на хотелот M-Gallery лоциран на Зелениот брег во Албанија, потоа спектакуларната Vlora Marina – најголемата марина во Албанија и една од најмодерните од нејзиниот тип на Јадранското море. А во 2024 година, групацијата го прошири своето влијание и во Канада, преку започнувањето со работа на Balfin Canada и почетокот на изградбата на првиот проект во оваа земја.
Според направените извештаи, трговските центри во земјава имаат над 28 милиони посетители годишно, кои ги наоѓаат нивните омилени брендови и искуството кое го сакаат преку посета на некој од објектите во поголемите градови. Но сега, со отворањето на повеќе ритејл паркови и нови можности за шопинг, забава и уникатни искуства – Balfin Group ќе помогне да се обликува новата ера на корисничко искуство и урбано задоволство.









