Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако бил физички нападнат од неколку други малолетни лица во дворот на основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.
Случајот бил пријавен на 16 септември, околу 21:00 часот, во СВР Скопје. Според пријавеното, настанот му претходела расправија, по што дошло до физички напад врз малолетникот.
Меѓу лицата кои учествувале во нападот, според информациите, бил и малолетник кого повредениот го познавал.
Во нападот, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.






