ПРВ.мк
Македонија

Нов ценовен шок: Горивата од полноќ драстично поскапуваат!

Нов ценовен шок: Горивата од полноќ драстично поскапуваат!

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, според која од 21 јули, од 00:01 часот, на сила стапуваат повисоки цени на сите видови горива.

Најголемо зголемување има кај дизелот, кој поскапува за 6 денари по литар, додека бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе бидат поскапи за 3 денари по литар.

Според новата одлука на РКЕ, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 90 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 92 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 93 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 45,373 денари за килограм

Покрај бензините и дизелот, поскапува и екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се зголемува за 7 денари по литар, додека мазутот ќе биде поскап за 3,205 денари по килограм.

Новите цени ќе важат од полноќ и ќе се применуваат до следната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.