На 18/19.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Х.(22), Е.А.(40), З.Д.(32), Н.Л.(37), Б.М.(44) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 18.05.2025 во 23.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(44) од Република Албанија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 23.30 часот на подрачјето на Гази Баба, со употреба на физичка сила, оштетил две патнички возила „ауди“ и „фолксваген кеди“, двете со скопски регистарски ознаки, во сопственост на С.А.(59) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.05.2025 во 17.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.И.(32) и А.М.(30), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 15.05.2025 до 18.05.2025 на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје одзеле патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, сопственост Н.Д.(60) од Струмица, кое претходно било паркирано од нејзиниот син М.Д. (38) од Струмица. По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци од член 42 од Кривичниот законик.