ПРВ.мк

Кривична за Милчо Манчевски и неговата „Банана филм“ – обвинителството ја почна постапката

Кривична за Милчо Манчевски и неговата „Банана филм“ – обвинителството ја почна постапката
Vero

Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за филм, пишува НоваТВ.мк

Истрагата во УФП почна по поднесена кривична пријава од Агенцијата за филм на РСМ доставена во Основното јавно обвинителство.

За финансиските „активности“ на Манчевски и неговата „Банана филм“, своевремено, од страна на Агенцијата за филм, беа известени сите надлежни инстанци како и Државната комисија за спречување на корупција.

Управата за финансиска полиција ја заврши истрагата за сомнителните трансакции на близу 1.000.000 евра на продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски и поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а оттаму велат дека „пријавата е примена и се постапува за да се испитаат наводите“.

Повеќе на НоваТВ

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран