ПРВ.мк
Македонија

Стигнува нагла промена - Ќе дува силен ветер до 60км/ч, бидете внимателни

Стигнува нагла промена - Ќе дува силен ветер до 60км/ч, бидете внимателни
Escape

Денешниот ден ќе биде сончев со мала до умерена облачност, но не се опуштајте – веќе од утре не’ очекува драстично заладување.

Според УХМР, во текот на денешниот ден ќе дува силен ветер, особено изразен во источните и повардарските делови, со брзина над 60 km/h, додека на запад ќе дува од западен правец. Максималните температури ќе се движат од 29 до 38 степени, а минималните од 11 до 19 степени.

Во Скопје, времето ќе биде слично: сончево, со можност за повремен попладневен дожд и засилен северен ветер, додека температурата ќе се движи меѓу 19 и 35 степени.

Но, од утре ситуацијата драстично се менува! Поради продор на постуден воздух од север, дневната температура ќе падне за 8 до 10 степени, а ветерот ќе остане силен.

Во петок, ќе се задржи посвежо време, со услови за нестабилност – локален дожд и грмежи. Од викендот пак, времето ќе се стабилизира, ќе биде сончево со постепен пораст на температурите.

Подгответе ја јакната – летото накратко ќе се повлече!

Mia Home Mavrovo