Семејството Јовевски, чиј дом под Којник беше целосно опожарен на 27 октомври годинава, ќе добие поддршка преку хуманитарната вечер „Со љубов за нов дом“, која ќе се одржи вечерва во 19 часот во ресторанот „Сангрија“ во Велес.
Настанот е организиран од „Тин вајб“ (Teen Vibe) и Лорета, која последните години активно спроведува хуманитарни активности во градот. Целта е да се помогне на семејството кое останало без покрив над глава и да им се врати надежта за нов почеток.
Лорета од „Тин вајб“ истакна: „Кога ќе видиш семејство кое преку ноќ останало без својот дом, сфаќаш дека заедницата мора да покаже сила. Ова е начин да им покажеме дека не се сами и да им изнудиме насмевка.“
Хуманитарната вечер ќе вклучи детска програма со Мики и Мини и Дедо Мраз, како и новогодишни пакетчиња за најмладите посетители, создавајќи празнична атмосфера и за најмалите, додека се собираат средства за нов дом на семејството.
















