Во градот се спроведуваат активности за унапредување на сообраќајната инфраструктура со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Во моментов се поставуваат сферни огледала на повеќе критични локации, кои треба да ја подобрат видливоста и да го намалат ризикот од сообраќајни незгоди.
Паралелно со тоа, на новиот дел од булеварот „Вељко Влаховиќ“ се инсталираат столпчиња за физичко одвојување на велосипедските патеки од коловозот, со што се зголемува безбедноста на велосипедистите.

Дополнително, се извршува и обележување на третата лента кај Капелата, што треба да придонесе за подобра организација и проточност на сообраќајот.
Овие активности се дел од поширок план за модернизација на градската инфраструктура, при што обележувањето го реализира ЈП „Паркинг“, додека останатите работи се спроведуваат преку тендерска постапка на Општината.

Со овие интервенции се очекува значително подобрување на безбедноста и функционалноста на сообраќајниот систем во градот.












