ПРВ.мк
Македонија

Бутел добива нови автобуски линии: Директно поврзување со Карпош и Аеродром

Бутел добива нови автобуски линии: Директно поврзување со Карпош и Аеродром

Општина Бутел најавува подобрување на јавниот превоз и воведување нови автобуски линии со цел подобра поврзаност со останатите делови од Скопје.

Со воведувањето на автобуската линија број 37, жителите на Бутел ќе добијат подиректна и подобра автобуска врска со општина Карпош. Новата линија треба да го олесни секојдневното патување на учениците, студентите, вработените и останатите граѓани кои редовно се движат на оваа релација.

Од Општина Бутел информираат дека продолжуваат разговорите со Град Скопје и ЈСП „Скопје“ за дополнително унапредување на автобускиот превоз и воведување линии кои ќе одговорат на потребите на жителите.

Најавена е и новата автобуска линија број 35, која треба да обезбеди директна поврзаност меѓу Бутел и општина Аеродром.

Со овие промени се очекува да се подобри мобилноста на граѓаните и да се овозможи поедноставно и побрзо патување меѓу Бутел и повеќе скопски општини.