ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци во офанзива против пожарите – Дронови и специјални патроли тргнаа во лов на пожари

Кавадарци во офанзива против пожарите – Дронови и специјални патроли тргнаа во лов на пожари

Територијалната противпожарна единица од Кавадарци започна засилени активности за превенција и навремено откривање пожари на отворен простор, во координација со повеќе институции.

Во заедничките теренски патроли учествуваат припадници на Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција и Шумската полиција, со цел навремено следење на состојбата и брза реакција при евентуални опасности.

Покрај патролирањето со службени возила, во акцијата се користи и дрон кој овозможува надзор од воздух, побрзо забележување на чад и пожари, како и откривање на ризични локации каде постои опасност од избувнување на огнена стихија.

Од противпожарната единица истакнуваат дека ваквата координирана акција има за цел подобра заштита на граѓаните, шумите и природните богатства, како и побрза интервенција доколку се појави пожар.

Воедно, упатен е апел до сите граѓани да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават доколку забележат чад или пожар на телефонските броеви 112 или 193.