Денеска во 10:30 часот ќе се одржи велосипедска тура посветена на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани.
Поаѓањето ќе биде од Паркот на Револуцијата, а учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, за потоа турата да заврши повторно во Паркот на Револуцијата.
Пријавени се околу 500 учесници, велосипедисти и рекреативци од Кочани и други градови, кои на овој начин ќе оддадат почит и ќе испратат порака на солидарност кон жртвите и нивните семејства.
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, ќе ги поздрави учесниците пред почетокот на турaта. Настанот е дел од повеќедневната програма за одбележување на годишнината од трагичниот пожар.


















