ПРВ.мк
Македонија

Ски центарот Копанки на Пелистер од денес продолжува со работа!

Ски центарот Копанки на Пелистер од денес продолжува со работа!

ЕСМ Молика информира дека од 15 февруари, недела, ски-центарот „Копанки“ повторно продолжува со работа и ги очекува сите љубители на снегот и зимските спортови.

Во овој период ќе биде во функција само ски-лифтот, па посетителите се повикуваат да го планираат скијањето според овие услови.

Уживајте во свежиот планински воздух, прекрасната природа на Пелистер и вистинската зимска атмосфера.

Се гледаме на стаза!