Променливо облачно време со сончеви периоди се очекува во земјава, а во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Според прогнозата, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне наместа се можни и поинтензивни атмосферски процеси.
Во делови од земјава постојат услови за краткотрајно невреме проследено со силен ветер и појава на град.
Утринските температури ќе се движат приближно од 11 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 28 до 34 степени, зависно од регионот.
Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Граѓаните кои во попладневните часови планираат активности на отворено треба да имаат предвид дека временските услови локално може брзо да се променат.








