ПРВ.мк
Македонија

Куманово со најавени прекини во електроснабдувањето низ повеќе улици

Куманово со најавени прекини во електроснабдувањето низ повеќе улици

Повеќе делови од Куманово денеска, утре и во почетокот на следната работна недела ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на мрежата.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека денеска во периодот од 08:30 до 14:30 часот ќе има прекини на дел од повеќе улици, меѓу кои „Осоговска“, „Сава Ковачевиќ“, „Србо Томовиќ“, „11 Ноември“ кај мостот за Бедиње и дел од „Боро Прцан“.

Исто така, од 08:45 до 14:45 часот без струја ќе бидат и делови од улицата „11 Ноември“ и населбата Бедиње.

Утре се најавени нови прекини од 08:30 до 14:30 часот, кои ќе ги зафатат улици како „Ратко Митрковиќ“, „Михајло Пупин“, „Благоја Думановски“, „Ѓорче Петров“ и „Бранко Радичевиќ“.

Дополнително, прекини се најавени и за понеделник во населбата Карпош, каде без струја ќе бидат делови од улицата „100“, стариот пат кон Паланка, како и месноста Бара и околните улици. Ист ден ќе има прекини и на улицата „1“ и Никуљски пат.

Од надлежните најавуваат дека прекините се дел од редовни работи на електродистрибутивната мрежа и дека може да следат дополнителни исклучувања и во текот на следната недела.