ПРВ.мк
Македонија

Субвенциите за земјоделците намалени за 40 милиони евра – реакции и прашања околу новите услови!

Субвенциите за земјоделците намалени за 40 милиони евра – реакции и прашања околу новите услови!
Kristal

Буџетот за субвенции во земјоделството е намален од 140 на 100 милиони евра, што претставува кратење од 40 милиони евра во однос на претходниот период. Оваа одлука предизвика реакции во јавноста и меѓу земјоделските производители, кои стравуваат за финансиската стабилност на секторот.

Според достапните информации, покрај намалувањето на вкупната сума, воведени се и построги критериуми за добивање на субвенции. Зголемени се праговите што треба да се исполнат, а укината е и можноста за авансна исплата, која претходно им овозможуваше на земјоделците полесно да ги планираат трошоците за производство.

Дел од експертската јавност предупредува дека ваквите измени може да влијаат врз домашното производство и конкурентноста на пазарот, особено во услови на зголемени трошоци за репроматеријали и енергенси.

Во меѓувреме, се појавија информации и за привремена суспензија на програмата IPARD III, што отвора прашања за динамиката на користење на европските средства наменети за развој на руралните средини.

Од надлежните институции засега нема детално образложение за причините за намалувањето на средствата, ниту пак појаснување како ќе се надомести разликата во поддршката за земјоделците во тековната година.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo