Времето денеска ќе биде претежно облачно и мирно, а во попладневните часови и во текот на ноќта постојат услови за слаби врнежи од дожд. Минималните температури ќе се движат од -1 до 4 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 12 и 16 степени.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени кратки сончеви периоди и можност за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 4 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, во понеделник претпладне ќе има променливо облачно време со повремени слаби локални врнежи од дожд. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, со можност за утринска магла во котлините.


















