На 7 март 2026 година околу 18:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.Б. (39) од село во Охридско, по претходна пријава за семејно насилство.
Според пријавата, тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон својата сопруга и ја нападнал со пластичен предмет.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


















