ПРВ.мк
Свет

ПЛАН ВО СЕНКА: Можна тајна операција во Иран - еве за што се подготвуваат!

ПЛАН ВО СЕНКА: Можна тајна операција во Иран - еве за што се подготвуваат!
Kristal

Сојузниците Соединетите Американски Држави и Израел разговарале за потенцијална операција за заплена на резервите на високо збогатен ураниум во Иран, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на четири извори запознаени со разговорите.

Целта на таквата акција е спречување Иран да изработи нуклеарно оружје, што е една од приоритетните цели на американската администрација. Според проценките, Техеран располага со околу 450 килограми ураниум збогатен на 60 проценти, доволен за дообогатување до ниво погодено за производство на нуклеарно оружје за неколку недели.

Секоја евентуална операција би барала присуство на американски или израелски специјални сили на територијата на Иран, кои би морале да навлезат во силно утврдени подземни објекти за време на воени дејствија. Засега не е одлучено дали мисијата би ја извршиле само американски, само израелски сили или би станувало збор за заедничка операција.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во Конгресот изјави дека „некој ќе мора да оди таму и да го преземе“ материјалот, без да прецизира кој би ја спровел мисијата. Израелски одбранбен претставник истакна дека администрацијата на Трамп сериозно ја разгледува можноста за испраќање единици за специјални операции во Иран.

Според информациите, опциите вклучуваат целосно отстранување на ураниумот од Иран или испраќање нуклеарни експерти кои би го разредиле материјалот на лице место. Можно е во мисијата да бидат вклучени и научници и експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија.

Претседателот Трамп истакна дека испраќањето копнени сили е можно само доколку постои „многу добра причина“ и не ја исклучи можноста да се користат војници за обезбедување на нуклеарниот материјал во подоцнежна фаза од конфликтот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo