ПРВ.мк
Црна Хроника

Ивана скокнала со ќерката за да ја заштити - еве што се случувало тој ден во станот!

Ивана скокнала со ќерката за да ја заштити - еве што се случувало тој ден во станот!
Kristal

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за Стојанче Јовановски, за кого постои основано сомнение дека сторил неколку кривични дела: наведување и помагање во самоубиство (член 128), телесна повреда (член 130) и загрозување на сигурноста (член 144) од Кривичниот законик.

Инцидентот се случи на 2 март, кога неговата сопруга, Ивана Јовановски (31), во семејниот стан во скопски Карпош, си го одзела животот заедно со нивното 6-годишно дете, скокајќи од тераса на шести кат.

Според кривичната пријава и прибавените докази, Јовановски во периодот од 2019 година до критичниот момент континуирано ја малтретирал, навредувал, тепал и понижувал сопругата, предизвикувајќи видливи повреди по целото тело. Овие инциденти биле пријавувани во надлежните институции од страна на оштетената и сведоци, но настаните се интензивирале во 2025 и 2026 година, поради што Ивана се нашла во безизлезна состојба и ја одлучила трагичната постапка.

На 2 март, пред самоубиството, осомничениот ја нападнал и заканувал оштетената на повеќе локации, вклучително и во близина на нејзиното работно место и додека патувале кон Основниот кривичен суд Скопје. Истиот предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност, а физички напад со телесни повреди и хематоми се случил во близина на судот.

Откако од училиште ја земале ќерката, Ивана се заклучила во станот и од таму го извршила самоубиството со детето.

Јавниот обвинител истакна дека притворската мерка е неопходна, поради опасност од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци, како и ризикот повторно да изврши кривични дела. Обвинителството продолжува со прибирање докази за овој комплексен и трагичен настан.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo