ПРВ.мк
Македонија

МИЦКОВСКИ СО ОСТРА ПОРАКА: Внимавајте како работите, ќе барам резултати до последен ден!

МИЦКОВСКИ СО ОСТРА ПОРАКА: Внимавајте како работите, ќе барам резултати до последен ден!
Kristal

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор по реизборот се осврна на успесите на партијата, на предизвиците што биле пребродени, но и на идните чекори кои ќе следуваат во наредните месеци. Тој најави дека по конгресот ќе започне период на сериозно кадровско доекипирање и реформи, кои ќе се одразат и во Владата.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ги постигна „историски најдобрите резултати“ на последните избори, нагласувајќи дека партијата била крената од „многу тешка состојба“ во која се наоѓала кога ја презел. Посочи на проблемите од минатото – замрзнат имот, политички прогон, апсења поради политички позиции, случајот „27 април“, како и финансиски долгови – за да истакне дека денес партијата е стабилна, без долгови и со „декласиран политички противник“.

Осврнувајќи се кон политичките ривали, тој нагласи дека ДУИ останала во опозиција и дека од нив зависи дали ќе ги извлечат поуките. За СДСМ рече дека „тоне во безидејност“ и дека се сведува под својот „биолошки минимум“. Според него, ваквата состојба придонесува вниманието да се насочува кон „маргинални политички ликови“ кои, како што оцени, имаат лукративни мотиви и создаваат „талог во општеството“.

Во делот од говорот упатен кон членството, Мицкоски нагласи дека сите кои влегуваат во функции го носат својот углед и одговорност со себе. Ја опиша политиката како „валкана арена“ во која се потребни чесност и посветеност, и потсети дека ниту една партиска функција не е трајна или наследна.

Тој најави дека во наредните шест месеци ќе следуваат реформи во сите структури на ВМРО-ДПМНЕ – од Извршниот комитет до општинските и месните организации. Целта, рече Мицкоски, е создавање нова генерација која во следните четири години ќе ја изгради идната стратегија на партијата и ќе обезбеди силно, стабилно и победничко ВМРО-ДПМНЕ.

Во пораката до оние што сакаат да бидат иден претседател на партијата, Мицкоски истакна дека оваа функција не е награда или привилегија. Неговиот наследник, како што рече, мора да биде човек со интегритет, дисциплина и отпорност, некој што ќе може да ја води државата не само денес, туку и со визија за 2050 година.

Со ова, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја зацрта насоката по својот реизбор – период на внатрешно зајакнување, кадровски промени и поставување темели за нова генерација која ќе ја предводи партијата и државата во иднината.

FixCredit
Atensa 300
Escape