ПРВ.мк

33-годишен охриѓанец грабнал сопруга, ќерка и баба на сограѓанин, па барал пари да ги ослободи

33-годишен охриѓанец грабнал сопруга, ќерка и баба на сограѓанин, па барал пари да ги ослободи
Jumbo Banner

Ноќеска, во 00:50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 33-годишно лице од Охрид, осомничено дека сторило кривично дело „грабнување“, по член 141 од Кривичниот законик.

– Претходно тој бил пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со 36-годишно лице од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи неговата сопруга, малолетната ќерка и бабата. СВР Охрид, по насоки на Јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Извор: ОхридПрес

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран