Во Скопје се трага по исчезнатата 31-годишна Сара Панчевска, за која нема никаква информација од 21 декември 2025 година. Според досегашните податоци, таа последен пат била видена околу 15:00 часот во непосредна близина, спроти Собранието на Република Македонија, по што ѝ се губи секоја трага.
Сара во моментот на исчезнувањето била облечена во црна зимска јакна со капуљача, носела црвена капа и бели патики. Со себе имала куфер во кој се наоѓала виолина, детал кој може да биде клучен за нејзино препознавање. Таа има кафена коса и кафени очи, а нејзината висина се проценува меѓу 140 и 160 сантиметри.
Надлежните служби се информирани и работат на случајот, а се упатува апел до јавноста. Секој што има каква било информација поврзана со нејзиното движење, престој или моментална локација, се повикува веднаш да ја контактира полицијата, со цел побрзо и безбедно пронаоѓање на исчезнатата жена.
















