ПРВ.мк
Македонија

ВАЖЕН ПРАЗНИК ВО МАКЕДОНИЈА: Утре се одбележува денот на Кирил и Методиј – татковците на словенската писменост!

ВАЖЕН ПРАЗНИК ВО МАКЕДОНИЈА: Утре се одбележува денот на Кирил и Методиј – татковците на словенската писменост!

Утре, на 24 мај, Македонија и сите словенски народи го одбележуваат Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј – личности кои оставиле длабок и траен белег во историјата на писменоста, културата и духовниот развој.

Кирил и Методиј се сметаат за основоположници на словенската писменост, бидејќи токму тие ја создале првата словенска азбука – глаголицата. Со тоа овозможиле словенските народи да добијат сопствен писмен јазик и да ја шират културата и верата на разбирлив начин.

Нивното најзначајно дело е Моравската мисија, иницирана од кнезот Ростислав, кој побарал учители што ќе го проповедаат христијанството на словенски јазик. Браќата го прифатиле предизвикот и започнале историска мисија која го променила текот на словенската историја.

Кирил и Методиј потекнувале од Солун, а нивното образование и работа биле под силно влијание на византиската култура. По нивната смрт, нивните ученици, меѓу кои и Климент и Наум, го продолжиле нивното дело во Охрид, кој станал важен центар на словенската писменост.

Поради нивниот огромен придонес, Светата црква ги прогласила за рамноапостоли. Утре, 24 мај е и државен празник, а понеделник е неработен ден во Македонија.