Џејмс Камерон сними филм, но вистинската драма ја преживеал еден Македонец! Додека целиот свет ја знае трагичната приказна за „непотопливиот“ брод, во скопското село Чучер-Сандево со генерации се шепоти за Стојко Додолоски (Каевиќ) – единствениот наш сонародник кој го победи Атлантикот кога сè друго тонеше.
Како 16-годишно момче, Стојко бегал од турскиот зулум со сон за Америка. Во пристаништето Саутхемптон, во последната секунда, купил билет од поп кој се премислил. Не знаел дека тоа парче хартија е влезница за најголемиот хорор на 20-тиот век.
Кога сантата мраз го расцепила „Титаник“, Стојко не чекал судбина. Со надчовечка храброст, скокнал од височина од 15 метри директно во црната, ледена вода! Додека илјадници луѓе умирале околу него, овој жилав Македонец успеал да доплива до превртен чамец. Бил еден од само 12-темина среќници кои офицерот Чарлс Лоу ги извлекол од сигурна смрт таа кобна ноќ.
Наместо трауми, Стојко во Скопско се вратил како легенда. Мештаните го паметат како крупен, секогаш весел човек кој со смеа раскажувал како ја „насамарил“ смртта. „Немаше панталони што можат да го соберат“, се потсетуваат неговите сожители. Иако неговата ќерка подоцна го повлекла во Чикаго, каде што и починал, неговиот дух засекогаш остана на падините на Скопска Црна Гора.
Приказната вели дека уште една Македонка, Цена, го избегнала бродоломот само затоа што се вратила дома по слики од Гоце Делчев!
Македонија има херој кој го победи морето, а неговото име е Стојко Каевиќ. Човекот кој докажа дека македонскиот ген е посилен и од ледената санта!








