ПРВ.мк
Македонија

21-ГОДИШНИК ОСОМНИЧЕН ЗА ИЗМАМА: Поттикнал малолетник да ја земе картичката на дедо му, па заедно подигале пари од банкомат!

21-ГОДИШНИК ОСОМНИЧЕН ЗА ИЗМАМА: Поттикнал малолетник да ја земе картичката на дедо му, па заедно подигале пари од банкомат!

Необичен случај на злоупотреба на банкарска картичка е пријавен во Берово, каде 21-годишник е осомничен дека искористил малолетник за да дојде до туѓи пари.

Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово информираат дека е поднесена кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според пријавата, осомничениот наводно го поттикнал малолетникот да ја земе банкарската картичка од својот дедо, по што без знаење и согласност на сопственикот биле извршени повеќе подигнувања на пари од банкомат.

Како што соопштуваат надлежните, средствата биле подигнати во седум наврати, со што на оштетениот му била предизвикана материјална штета во вкупен износ од 156.000 денари.

Полицијата продолжува со преземање дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со злоупотребата.

По завршување на истрагата, надлежното обвинителство ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката.